• среда, 18 декември 2024

Возило излетало на патот Велес - Извор, две лица повредени

Возило излетало на патот  Велес - Извор, две лица повредени

Велес, 4 август 2024 (МИА) - На регионалниот пат Велес кај селото Извор во близина на селото Бусилци на кривините утрово во 8:10 часот возилото „фиат браво“ со велешки регистерски таблички излетало од коловозот, а две лица повозрасни сопружници од Велес се повредени, од кои 70 годишната жена која била сопатник во возилото има потешки повреди, а нејзиниот 75 годишен сопруг кој возел е со полесни повреди, констатирани во велешката болница, информира за МИА Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Возилото со асистенција на полицијата го извлекле велешките пожарникари, а увид на местото на настанот направила екипа на СВР Велес. Возилото било управувано од 75 годишниот А.К од Велес, кој се здобил со повреди, а со тешки повреди се здобила неговата 70 годишна сопуга К.К.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира за МИА др Сања Мишкова од Итната медицинска помош во Велес, а која била на местото на настанот и им укажала прва помош, тие повик за сообраќајка добиле во 8:15 часот и веднаш се упатиле на местото на несреќата.

-Им укажавме итна помош, 75 годишниот А.К  кој се жалеше на болки во рамото, а неговата сопруга 70 годишната К.К се жалеше на болки во рамото, плешката и главата. Со возилото на Итна помош веднаш ги однесовме во Ургентниот центар на велешката Општа болница, појасни д-р Мишкова.

Таа појасни дека од провалијата возилото го извадиле велешките пожарникари за што ни потврдија и од ТППЕ Велес

Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, возачот имал полесни повреди а неговата сопруга 75 годишната сопруга се здобила со тешки телесни повреди на лицевите коски, што било констатирано со компјутерска томографија на глава. Поради тежината на повредите била однесена итно на понатамошно лекување на Клиниката за Максилофацијална хирургија во Скопје. ад/бт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан