Возел без возачка низ Кавадарци, привремено одземено возило од кавадарчанец
- По насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено.
Кавадарци, 22 февруари 2026 (МИА) - Возел без возачка дозвола низ Кавадарци, привремено било одземено возило од кавадарчанец, кој бил лишен од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Рано утрово во 00:50 часот, на булевар „Кочо Рацин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода С.Ц., на возраст од 37 години, од овој град. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Ц. и по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит, појаснија од СВР Велес.
Оттаму информираа дека по насоки на јавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одзeмено и по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена соодветна пријава. свд/вј/
Фото: МИА архива