• среда, 25 декември 2024

Воздухопловна команда на НАТО: Норвешка има за цел да користи биогориво за повеќенаменски ловци Ф-35

Воздухопловна команда на НАТО: Норвешка има за цел да користи биогориво за повеќенаменски ловци Ф-35

Осло, 15 мај 2024 (МИА) - Норвешката армија има за цел да користи биогориво за своите авиони Ф-35 до крајот на годината, соопшти денеска воздушната команда на НАТО.

„Оваа иницијатива покажува дека биогоривото може да се користи за Ф-35 и да помогне во намалувањето на емисиите на јаглерод од авионите. Декарбонизацијата е важна цел во Акцискиот план за климатски промени и безбедност“, се додава во соопштението на платформата Икс.

Покрај намалувањето на емисиите на јаглерод, употребата на биогорива може да придонесе за енергетска безбедност преку намалување на зависноста од традиционалните фосилни горива. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан