• петок, 08 ноември 2024

Воздухопловната база „Кучово" во служба на НАТО

Воздухопловната база „Кучово

Тирана, 18 февруари 2024 (МИА) - Воената база "Кучово" во истоименото албанско гратче е ставена во служба на НАТО, јави  албанската телевизија Топ чанел.

- Ова е база ќе создаде можности за одбранбените капацитети како и за градската економија, бидејќи ќе има нови работни места. Тоа е логистичка база која ќе продолжи да се развива. Ова е добра позиција не само за нашата земја, туку и за целиот регион“, изјави поранешниот пилот од Кучовскиот полк на албанската армија Виктор Ванѓели.

База е изградена за време на комунизмот во 1952 година со доброволна работа, за да ја користат земјите од Варшавскиот пакт, чиј член беше Албанија, сега станува прва воздухопловна база на НАТО на Балканот.

-Во јануари 2022 година тука  започнаа работите, во кои се инвестирани околу 50 милиони евра, за создавање на модерна инфраструктура со современи услови за да се овозможи распоредување на воздушни возила на НАТО од кои се очекува да извршуваат операции за обука или да ја користат за други потреби на Алијансата, наведува телевизијата.

Според истиот извор работите во воздухопловната база во Кучово се уште се во тек, иако инаугурацијата се очекува да се одржи на 4 март. 

Продолжуваат работите на реконструкција на пистата и контролната кула, а изградени се и магацините за вооружување и гориво, паркинзите за авиони и итните и противпожарните станици. вт/

Фото: принтскрин(Топ чанел) 

Остани поврзан