• вторник, 24 декември 2024

Возач управувал автобус со туѓа возачка картичка вметната во тахографот

Возач управувал автобус со туѓа возачка картичка вметната во тахографот

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции вчера во 21:00 часот на наплатната рампа кај кумановско Романовце запреле и извршиле контрола на автобус со струшки регистарски ознаки, сопственост на превозно претпријатие од струшко Велешта, а управуван од А.Д. (54) од Куманово. При контролата било утврдено дека возачката картичка вметната во тахографот не е во сопственост на возачот кој го управувал автобусот. 

Како што информира МВР, за настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 23 став 5, а казниво по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка. вј/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан