• четврток, 12 февруари 2026

Возач на товарно возило загина на магистралниот пат А2

Возач на товарно возило загина на магистралниот пат А2

Крива Паланка, 21 јануари 2026 (МИА) - Товарно возило рано утрово излетало во провалија на магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка-граничен премин Девет Баир, при што загинал 56- годишниот возач, косовски државјанин.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека несреќата се случила утрово околу пет часот.

-На 21 јануари 2026 во 4 часот и 50 минути во Одделнието за внатрешни работи Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат граничен премин Деве Баир-Крива Паланка-Куманово во атарт на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од 56- годишниот Н.Х. од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од итна медицинска помош Крива Паланка констатирал смрт, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Во извлекувањето на лицето учествувал тим од Територијална противпожарна единица Крива Паланка, со едно противпожарно возило и 4 пожарникари, по што лицето било предадено на тимот од итна медицинска помош Крива Паланка.

По извршениот увид, по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.ид/вј/

Фото: ТППЕ Крива Паланка

Остани поврзан