• вторник, 24 декември 2024

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

Возач загинал откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа

Вашингтон, 5 мај 2024 (МИА) - Возач загина синоќа откако со неговото возило удри во надворешната капија на Белата куќа, а случајот се истражува како сообраќајна несреќа и немало закана за резиденцијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, соопштија властите.

Возачот бил пронајден мртов во возилото кое удрило во надворешната капија на Белата куќа, соопшти американската тајна служба.

Полициската управа на Вашингтон соопшти дека возилото удрило во безбедносната бариера на раскрсницата на улицата 15 и авенијата Пенсилванија. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан