• недела, 24 ноември 2024

Возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“ доби казна затвор од две години и три месеци

Возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“ доби казна затвор од две години и три месеци

Скопје, 15 ноември 2023 (МИА) – Единствена казна затвор од две години и три месеци одреди судијката Марија Клетничка од Основниот кривичен суд Скопје за 21-годишниот Шукри Зеќири од Скопје, кој на 12 октомври на булеварот „Никола Карев“, на делот познат како „Пластичарска“ во Скопје удри десетгодишно дете кое од ударот почина на самото место, а тој избега.

На обвинетиот, судијката му одреди и казна забрана за управување со моторно возило во период од три години со што времето поминато во затвор не се смета во казната и му ја продолжи и мерката куќен притвор сѐ до правосилноста на пресудата.

Обвинетиот Зеќири претходно пред Судот го призна делото кое му се става на товар, но рече дека избегал од страв да не биде тепан.

Според обвинението од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетиот се товари за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и кривично дело „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ по член 301 став 1 од Кривичниот законик. ар/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан