• среда, 17 декември 2025

Возачот кој прегази навивачи на Ливерпул осуден на 21,5 години затвор

Возачот кој прегази навивачи на Ливерпул осуден на 21,5 години затвор

Лондон, 16 декември 2025 (МИА) – Мажот кој повреди 134 лица откако со автомобил влета во навивачите на Ливерпул, кои ја прославуваа шампионската титула во Премиер лигата, денеска е осуден на затворска казна во траење од 21 година и шест месеци.

Инцидентот се случил на 26 мај во Ливерпул, на прославата по освојувањето на титулата, кога 54-годишниот Пол Дојл со автомобил влета во навивачите.

Дојл се изјасни за виновен во ноември по 31 точка од обвинението, вклучувајќи опасно возење и повеќекратни точки од обвинението за обид или предизвикување тешки телесни повреди и нанесување тешки телесни повреди со намера. ми/ссм/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан