• среда, 25 декември 2024

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, утврдиле бугарските истражители
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) – Бугарската националната истражна служба го затвори случајот за несреќата на автопатот Струма во која загинаа 45 лица, изјави за БГНЕС шефот на службата, Борислав Сарафов, а одговорноста за несреќата е на возачот кој управувал со автобусот. - Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И големата, да речеме, несоодветна, но не и над дозволеното брзина, вели Сарафов. Шефот на Националната истражна служба за БГНЕС додава дека сега останува да се изврши судска наредба во Северна Македонија и да се известат роднините на жртвите оти имаат право да направат увид во материјалите. На 23 ноември 2021 година во раните утрински часови, автобусот на „Беса Транс“ којшто од Истанбул се враќаше со туристи, удри во ограда на автопатот Струма, кај селото Боснек, при што загинаа 45 лица. ки/дма/

Остани поврзан