• сабота, 28 декември 2024

Возачи во паника на бензиските станици во САД откако шести ден не работи „Colonial Pipeline“

Возачи во паника на бензиските станици во САД откако шести ден не работи „Colonial Pipeline“
Њујорк, 12 мај 2021 (МИА) - Возачи во југоисточниот дел на САД формираа редици за полнење резервоари на се помал број бензински пумпи што продаваат гориво, игнорирајќи ги владините барања да не се снабдуваат со резерви откако шести ден е „исклучен“ главниот регионален гасовод. Речиси 60 проценти од бензинските пумпи во Атланта и околината денеска беа без бензин, заедно со повеќе од 70 проценти од бензинските пумпи во Шарлот и Рали, Северна Каролина и Пенсакола, Флорида, соопштија од компаниојата Gas Buddy. Југоисточниот и средноатлантскиот брег на СAД во голема мера се потпираат на „Colonial Pipeline“, кој беше затворен во петокот поради хакерски уцена, и се очекува да не работи уште неколку денови. Во меѓувреме, просечната национална цена на бензинот денеска се искачи на над 3 американски долари за галон (3,785 литри), највисока од октомври 2014 година, соопшти Американската асоцијација за автомобили. Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги повика вчера Американците да не складираат гориво за време на прекинот на гасоводот, нагласувајќи дека паничното купување само ќе ги влоши нарушувањата во снабдувањето на бензинските пумпи кои се борат да добијат нови залихи. Таа исто така ги предупреди Американците да не полнат пластични кеси со бензин, откако објава на Твитер покажа дека некои го прават тоа. Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп привремено ги суспендираше даноците на гас во државата за да го ублажи влијанието на зголемувањето на цените врз потрошувачите, а исто така ги замоли граѓаните да не „купуваат во паника“. https://www.youtube.com/watch?v=dWzjAY6nP-o

Остани поврзан