Водостојот на Црн Дрим повисок за 59 сантиметри во однос на вчера
- За 59 сантиметри денеска е повисоко нивото на Црн Дрим во споредба со вчера, за 14 сантиметри нивото на Бабуна, а зголемување се бележи и кај реката Вардар, освен кај Велес каде денеска нивот
Скопје, 4 август 2021 (МИА) - Водостојот на поголем дел од реките денеска е повисок во однос на вчерашниот ден, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.
За 59 сантиметри денеска е повисоко нивото на Црн Дрим во споредба со вчера, за 14 сантиметри нивото на Бабуна, а зголемување се бележи и кај реката Вардар, освен кај Велес каде денеска нивото е за пет сантиметри пониско во однос на вчера.
Кај останатите реки водостојот е понизок или на исто ниво како и во текот на вчерашниот ден. бак/са/