• вторник, 12 ноември 2024

Водостојот на дел од реките понизок во однос на вчера

Водостојот на дел од реките понизок во однос на вчера
Скопје, 11 ноември 2020 (МИА) - Пониско ниво на дел од реките во однос на вчерашниот ден, регистрира Управата за хидрометеоролошки работи. Според денешните мерења, најголеми остапувања има кај реката Вардар кај Велес каде нивото е пониско за десет сантиметри во однос на вчера, како и кај Демир Капија каде водостојот е понизок за шест сантиметри. Понизок водостој имаат и Црна Река и Струмица. Кај останатите реки нема промени во однос на вчера. Кај езерата и понатаму Преспанското Езеро е под апсолутниот минимум. Тоа е на ниво од 42 сантиметри под апсолутниот минимум. бак/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан