• сабота, 23 ноември 2024

Водостојот на Вардар повисок од јануарскиот просек на речиси сите мерни места

Водостојот на Вардар повисок од јануарскиот просек на речиси сите мерни места

Скопје, 22 јануари 2024 (МИА) - Водостоите на дел од реките во земјава се повисоки од просекот за јануари. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат податоците од мерењата што ги врши УХМР.

Водостојот на реката Вардар е повисок од просекот за овој месец на речиси сите мерни места. Повисок востостој се бележи кај реките Пчиња, Струмица, Радика и Црн Дрим. Понизок водостој од просекот за овој месец се бележи кај реките Брегалница, Треска и Црна Река.

Според податоците од УХМР, температурата на Охридското езеро измерена утрово е 6 степени Целзиусови, на Дојранското 5 и на Преспанското 3 степени. Температурите на сите Охридското и Преспанското Езеро се под просекот за јануари, а на Дојранското Езеро е повисока од јануарскиот просек. сст/дма/

фото МИА архива

Остани поврзан