• среда, 13 ноември 2024

Водостопанство Тиквеш : Несовесни го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1

Водостопанство Тиквеш : Несовесни го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1

Кавадарци, 19 јули 2024 (МИА) - Несовесни лица го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1, информираа денеска од подружницата на АД Водостипанство, ,,Тиквеш" од Кавадарци, на нивната Фејсбук страница. 

- Намерно затворен главниот вентил за системот К1. Ова е веќе пракса од несовесните граѓани. Ќе следуваат пријави до надлежните институции, напишаа од подружницата на Водостопанство. 

Само пред два дена, оттаму исто така споделија дека изминатиов период затекнале многу дефекти на хидранти настанати поради самоволното пуштање на вода на водокорисниците. 

- Затоа ве замолуваме во наредниот период да не се охрабрувате самоволно да пуштате вода за наводнување. Доколку не се почитува ова предупредување во наредниот период, ќе следува пријава на граѓани кои ќе бидат затекнати на лице место, истакнаа од ,,Тиквеш". 

Притоа апелираа, доколку  некој водокорисник на вода за наводнување има проблем со водоснабдувањето, да се обрати до  надлежните задолжени за водоснабдувањето во регионот. свд/дма/


Фото : Фејсбук на Водостопанство,,Тиквеш" 

Остани поврзан