• среда, 25 декември 2024

Водителката Марија Меркејдер почина од коронавирусот

Водителката Марија Меркејдер почина од коронавирусот
Лос Анџелес, 30 март 2020 (МИА) - Познатата водителка на вести на Си-Би-Ес, Марија Меркејдер почина вчера на 54-годишна возраст, како последица од заразата со коронавирус. Како што објави „Варајети“, Меркејдер 20 години се борела со вид на рак, па сите тие третмани и операции ја сместиле во ризичната група граѓани, најподложни на вирусот. - Таа беше повеќе од талентирана новинарка. Ќе ни недостасува нејзиниот објективен дух. Марија беше дел од нашиот живот. Дури и кога ја однесоа в болница и знаеше дека нешто не е в ред, таа се грижеше за Си-Би-Ес. Ќе ни се јавеше за да нѐ бодри, да ни каже „вие го можете тоа“. Марија беше воин. Благослов за сите нас, изјави Сузан Зирински, постара извршна директорка на Си-Би-Ес њуз. Последната функција на Меркејдер беше - директорка за стратегија на човечките ресурси. си/сд/

Остани поврзан