• вторник, 24 декември 2024

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година осуден на повеќе од седум години затвор

Водачот на нападот на Капитол Хил во 2021 година осуден на повеќе од седум години затвор

Вашингтон, 3 април 2024 (МИА) – Тејлор Џејмс Џонатакис од американската сојузна држава Вашингтон, кој за време на немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година користеше мегафон за да организира напад врз полицајци, денеска е осуден на повеќе од седум години затвор.

Американскиот окружен судија Ројс Ламберт рече дека видеата покажале дека Џонатакис играл водечка улога за време на немирите, поттикнувајќи ја толпата да ја нападне полицијата и издавајќи команди и инструкции.

- Во секоја бесна толпа има водачи и следбеници. Господинот Џонатакис бил лидер. Тој знаеше што прави тој ден, рече судијата пред да го осуди обвинетиот на седум години и три месеци затвор. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан