• среда, 13 ноември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажаа резултатите од лабораториските испитувања

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажаа резултатите од лабораториските  испитувања

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18) 

ЈП Водовод и канализација – Скопје денеска информира дека Секторот за санитарна контрола во периодот од 25.09.2023 до 29.09.2023 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. 

ЈП „Водовод и канализациј“ Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. цр/лв/

 

Остани поврзан