• среда, 18 декември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 25 ноември 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 18 ноември до 22 ноември годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Град Скопје. мд/лв/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан