• сабота, 23 ноември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 16 септември 2024 (МИА) -  Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 10 септември до 13 септември годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

За анализа биле земени 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Град Скопје. мд/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан