• петок, 27 декември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 5 февруари 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 29 јануари до 2 февруари 2024 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 184 примероци за физичко-хемиска и 184 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 40 мерни места во Град Скопје. мд/аа/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје

 

Остани поврзан