• петок, 27 декември 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 12 февруари до 16 февруари 2024 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. 

За анализа биле земени 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во Град Скопје. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан