• сабота, 27 јули 2024

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

Скопје, 28 февруари 2023 (МИА) - Безбедна и квалитетна е водата за пиење во Скопје, покажува најновиот неделен извшетај на ЈП Водовод и канализација.

Како што информира претпријатието, Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.02.2023 до 24.02.2023 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. мч/са/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан