Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење
- Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од аналазите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) - Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат резултатите од аналазите што ги изврши ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.11.2023 до 24.11.2023 зема 183 примероци за физичко-хемиска и 183 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение на „Водовод и канализација“ - Скопје. љм/дма/
Фото:ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје