• сабота, 23 ноември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.06.2024 до 28.06.2024 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, е, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/ев/

Фото:МИА архива

 

 

 

Остани поврзан