• недела, 27 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 7 април 2025 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 47 мерни места во градот.

- Секторот за санитарна контрола од 1 до 4 април зема 166 примероци за физичко-хемиска и 166 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје.  Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат денеска од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации Јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола дма/сст/

Фото: ЈП Водовод и канализација

Остани поврзан