• недела, 24 ноември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 30 септември 2024 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот.

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 23 до 27 септември зема 201 примерок за физичко-хемиска и 201 примерок за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информираат утрово од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/са/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан