• сабота, 23 ноември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 28 октомври 2024 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 44 мерни места во градот. 

- Секторот за санитарна контрола во периодот од 21 до 25 октомври 2024 година зема 161 примероци за физичко-хемиска и 161 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараатна Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат денеска од ЈП Водовод и канализација.

Овие информации јавното претпријатие ги објавува во рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. дма/лв/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан