• среда, 27 ноември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 8 јули 2024 (МИА) - Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 42 мерни места во градот.

-Секторот за санитарна контрола во периодот од 1-ви до 5 јули зема 194 примероци за физичко-хемиска и 194 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се вели во денешното соопштение од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Овие информации од јавното претпријатие ги објавува рамки на неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. сст/нд/

фото МИА архива

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан