• вторник, 24 февруари 2026

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажува најновиот неделен извештај на ЈП „Водовод и канализација“.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.02.2026 до 13.02.2026 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје.

Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. ар/сст/

Фото МИА архива

Остани поврзан