• недела, 28 јули 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај.

Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој всушност е првата лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, се наведува во соопштението на претпријатието.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 12 до 16 јуни зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 43 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, пишува во соопштението. сан/дма/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан