• понеделник, 02 септември 2024

Водата во Скопје безбедна за пиење

Водата во Скопје безбедна за пиење
Скопје, 19 септември 2022 (МИА) - Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од Секторот за санитарна контрола од 41 мерни места во градот. Од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 12 до 16 септември се земени 197 примероци за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа на вода за пиење - Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, се наведува во денешното соопштение на „Водовод и канализација“.фф/са/

Остани поврзан