• недела, 24 ноември 2024

Внукот на Рики Мартин се откажа од тужбата за инцест

Внукот на Рики Мартин се откажа од тужбата за инцест
Лос Анџелес, 22 јули 2022 (МИА) - Внукот на пејачот Рики Мартин, Денис Жадел Санчез се откажа од обвинувањата за инцест, а судијата ја укина привремената забрана за доближување. „Како што очекувавме, Судот не ја продолжи наредбата за привремена заштита. Тужителот му потврди на Судот дека неговата одлука за поништување на случајот е само негова, без никакво надворешно влијание или притисок. Ова никогаш не било ништо повеќе од случај со проблематична личност која дава лажни тврдења и наводи без апсолутни докази во нивна поткрепа. Драго ни е што нашиот клиент виде дека правдата е задоволена и сега може да продолжи понатаму“, се вели во соопштението на адвокатскиот тим на Рики Мартин. Претходно, внукот тврдеше дека тој и Рики имале седуммесечна сексуална врска, а откако таа завршила, Рики, според зборовите на внукот, почнал да го демне и тормози.  си/

Остани поврзан