• вторник, 12 ноември 2024

ВНБА планира да се прошири на 18 екипи до 2028 година

ВНБА планира да се прошири на 18 екипи до 2028 година

Вашингтон, 16 април 2024 (МИА) - Женската НБА планира да го прошири своето членство. ВНБА ќе ги разгледа Филаделфија, Торонто, Денвер, Портланд, Нешвил и Јужна Флорида како локации за нови тимови и потенцијално проширување.

Комесарот на лигата Кејти Енгелберт го објави ова пред драфтот во 2024 година.

ВНБА има цел да додаде нов тим до 2026 година и сака да ја достигне границата од 16 екипи до 2028 година.

Во октомври, лигата објави 13-ти тим во Заливот на Сан Франциско, кој ќе започне да игра во 2025 година.

Вреди да се напомене дека тековните телевизиски договори на женската НБА со „ESPN“, „Amazon“, „Ion“ и „CBS“ истекуваат следната година. „TNT Sports“ се смета за кандидат за добивање на главниот пакет ТВ права во 2025 година. Новиот договор треба да ја зајакне финансиската позиција и да придонесе за проширување на лигата. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан