• сабота, 23 ноември 2024

Внатрешно се уредува спортската сала во Куманово

Внатрешно се уредува спортската сала во Куманово

Куманово, 15 јули 2024 (МИА) - Почна поставување на осветлувањето во спортската сала во Куманово, соопшти кумановскиот градоначалник. 

На последниот тендер што го склучи општината со избрана компанија од Кочани за браварија, надворешни скали, осветлување, партерно уредување, набавка и на семафор висечки четворостран мултифункционален и друго одвои речиси 70 милиони денари (69.885.289,88) со вклучен данок на додадена вредност. За овој дел од внатрешното уредување, компанијата треба да го заврши во рок од 95 дена.

Претходно, партерно се уредуваше спортскиот објект и трибините. Во понатамошниот период предвидено е да се работи на борилиштето, боксерската сала е завршена, ќе следува реконструкција на санитариите одводот, водовод, санитарни јазли. Проблемите со кровната конструкција се надминати.

Спортската сала во Куманово веќе извесен период етапно се реконструира. Изминативе години почна делумна реконструкцијата на трибините, следуваше реконструкција на салата наменета за бокс, претходно се санираше кровната конструкција. 
Спортската сала е еден од четирите големи спортски објекти,  Соколана, градски стадион и стрелиште кои Владата ѝ ги врати во владение на општина Куманово, откако претходно со нив менаџираа приватни стопанственици. ам/цр

Фото:  Општина Куманово 

Остани поврзан