ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за усвојување на Предлогот за уставни измени
- ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.
Скопје, 19 јули 2023
ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.
Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон Европското семејство.
Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија во Европската унија.
ВМРО-Народна партија упатува апел до сите општествено - политички чинители да во најбрз можен рок се заврши оваа етапа и што побрзо Северна Македонија го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА архива