• петок, 27 декември 2024

ВМРО - НП: Македонскиот јазик е чист и непроблематизиран

ВМРО - НП: Македонскиот јазик е чист и непроблематизиран
21 јули 2022  Почитувани, Во Република Северна Македонија очигледно постојано се рециклираат силите кои сакаат да го запрат патот кон европската интеграција. Најновата хистерија повторно го врати македонскиот јазик на прво место и покрај тоа што е кристално јасно дека за цела Европска Унија и за цел Свет веќе македонскиот јазик е чист и непроблематизиран. Факт е дека Република Бугарија за да излезе од спорот и дала зелено светло на Европската Унија да го прифати македонскиот јазик со тоа што таа останува на своите позиции дека за неа тоа се бугарски дијалекти. Но повторно ќе нагласиме, јасно е дека таа има дозволено на ЕУ со нас да комуницира на македонски јазик што може да се смета за огромна победа и успех во одбраната на македонскиот јазик како идентитетско прашање со оглед на аргументите и доказите со кои располага бугарската наука. Впрочем колку е голема нашата победа, ја повикуваме македонската академија на науки и уметности конечно еднаш во Македонија, во оригинал и во фототипни изданија да ги објави делата на браќата Миладинови, Кузман Шапкарев, Партение Зографски, Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, на Рајко Жинзифов, Григор Прличев, Теодосиј Синатиски и да не ги редиме сите преродбеници. Самиот факт што најголемиот број од нивните дела досега не се објавени во оригинал во нашата држава зборува многу и повторно сакаме да кажеме токму заради тоа сметаме дека победата на македонскиот јазик е голема во овој момент. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан