• петок, 27 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е Костадинов и СДСМ да се фалат со новиот извештај на Репортери без граници

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е Костадинов и СДСМ да се фалат со новиот извештај на Репортери без граници
Скопје, 22 април 2020 Срамно е Костадинов и СДСМ да се фалат со новиот извештај на Репортери без граници со оглед на фактот што Република  Македонија е на дното во регионот по медиумските слободи. Ова не е никакво изненадување имајќи во предвид дека како никогаш досега во Македонија се спроведува вистински прогон врз неистомислениците на власта во медиумските сектор, се осудуваат и казнуваат новинари за напишан и кажан збор. Да не заборавиме дека само пред неколку недели имавме срамна пресуда и затворска казна за новинар кој ја откри вмешаноста на Зоран Заев во најголемиот криминал во самостојна Македонија, случајот „Рекет“. Да се потсетиме дека минатата година јавноста беше сведок на упад во канцелариите на медиум кој исто така известуваше за случајот „Рекет“. Нарачани пресуди и полициски акции за новинари и медиуми не одат во прилог на слободата на медиумите. Во време на светска пандемија со корона вирусот, колапс на економијата и здравствениот систем СДСМ се занимава единство со партискиот ПиАр. Пропадна и последната надеж дека ќе ја стават барем еднаш државата пред партијата. За жал во Македонија главниот креатор на лажни вести е Владата. Медиумите се изложени на константен притисок и се делат на провладини и проопозициски, медиуми и новинари се прогласуваат за државни непријатели и се мета на прогнза поставени прашања и кажан збор. Ова не е слобода на медиуми, ова не е демократија, ова е причината зошто во Македонија владее хибриден режим. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан