• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски со предлог на два столба мерки за помош на стопанственици и вработени, додека владата се однесува несериозно

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски со предлог на два столба мерки за помош на стопанственици и вработени, додека владата се однесува несериозно
Скопје, 18 март 2020 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик Плус“ предложи два столба на мерки со кои ќе се помогне и на вработените и на стопантвениците. „Битката на економски план треба да се води во два столба. Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите односно да се обезбедат самите бизниси. А, потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот“, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде Владата треба да е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе. „Кога зборуваме за половина од трошоците тука пред се мислам, не за трошоците кои се однесуваат на придонесите туку трошоците и за личниот доход. Значи ние зборуваме за бруто трошоци по вработен. Тука државата мора да донесе мерки и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку 50-тина проценти“, појасни Мицкоски. Мицкоски образложи дека Владата денес не покажала сериозност и ниту една од презентираните мерки не е од круцијално значење за македонското стопанство кое се соочува со сериозни проблеми. „Но за жал она кое што го видов утрово, а кое што беше презентирано на таа пресконференција посебно во делот ќе ги частиме компаниите, навистина претставува едно непримерно однесување на луѓе кои што во овој момент треба да се однесуваат сериозно, имајќи ја во предвид сериозноста на ситуацијата“, вели Мицкоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан