• вторник, 24 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Комунална хигиена не си ја завршила својата работа затоа што Шилегов го мрзело да извади дозвола за работа во трета смена

ВМРО-ДПМНЕ: Комунална хигиена не си ја завршила својата работа затоа што Шилегов го мрзело да извади дозвола за работа во трета смена
Скопје, 13 април 2020 Шилегов единствено ќе остане запаметен по неговите нервни испади на јавна сцена и ѓубрето по улиците Факт е дека Шилегов има проблем да се концентрира, но тоа не смее да биде оправдување за неговото вулгарно и недолично однесување. Шилегов е срам за скопјани. Тој е најнеспособниот градоначалник кој досега го водел Скопје. Шилегов нема капацитет да ја извршува функцијата. Шилегов ќе остане запаметен единствено по неговите нервни испади на јавна сцена. И додека тој покажува колку е некултурен по емисии, Скопје тоне во смет. Комунална хигиена не си ја завршила својата работа затоа што Шилегов го мрзело да извади дозвола за работа во трета смена. Затоа Скопје тоне во ѓубре, а на неколку километри од центарот на градот имаме дива депонија која може да предизвика нова зараза од пандемиски размери. Петре, можеш да навредуваш колку сакаш, ама барем фати се за работа. Уште си градоначалник, иако не за долго.   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан