• среда, 25 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Во моментите на пандемијата земјоделците заборавени од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Во моментите на пандемијата земјоделците заборавени од Владата
Скопје, 5 април 2020 И натаму продолжува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за комуникација со граѓаните „Вашите проблеми, заеднички решенија - Ја сакам Македонија“, во рамки на акцијата до партија секојдневно пристигнуваат десетици сугестии, предлози и проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Земјоделците се жалат за големи проблеми со неисплаќање на субвенциите, редуциран откуп на одредени производи, додека за дел од производите и воошто нема откуп. Земјоделците се заборавени од државата во овие тешки моменти, велат тие истакнувајќи дека е потребна итна помош за поддршка на земјоделството. Стравувајќи од губење на своето работно место, граѓаните апелираат за помош на лицата кои ќе бидат оставени без извор на егзистенција. Тие апелираат во случај на невработеност да се покрие 70 проценти од нето платата од страна на државата поради економската криза како резултат на пандемијата на коронавирусот. Граѓаните бараат креирање на веб платформа која ќе помогне за прибирање на информации од сите деловни субјекти кои се подготвени да и помогнат на Владата со своите ресурси, материјални или знаења. Овие информации ќе бидат собрани и дистрибуирани до сите државни институции. Ги повикуваме граѓаните предлозите и сугестиите и натаму да продолжат да ги проследуваат по пат на електронска пошта до zaednicki.resenija@vmro-dpmne.org.mk . ВМРО-ДПМНЕ продолжува со овој начин на комуникација и нудење на заеднички решенија, затоа што ја сакаме Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан