• недела, 24 ноември 2024

ВМРО - ДПМНЕ: Јавноста очекува оставка на министерката за култура

ВМРО - ДПМНЕ: Јавноста очекува оставка на министерката за култура
Скопје, 7 август 2022 Министерката за култура освен што е позната по својот скафандер, сега стана позната и по скандалозната изјава со која меѓу редови им порача на уметниците да не творат на историски теми за да не биде тоа препознаено како говор на омраза од страна на Бугарија. Министерката очигледно добро знае што предвидува протоколот кој што владата на Ковачевски го потпиша со Бугарија и кој уредува дека нема да има државна подршка за уметничкото творештво чиј наратив за Софија може да биде неприфатлив. Со други зборови тоа што нема да биде прифатливо за Софија нема да биде финансирано од страна на македонската влада. Министерката треба да знае дека и досега и во иднина историската тематика во културата треба да биде силно застапена и тоа е случај во секоја сериозна земја. За жал, само кај нас имаме скафандер министерка која препорачува историјата да се одбегнува и да се разработувале “орасположувачки“ теми за публиката. Според министерката дела како Македонска крвава свадба, автори како Петре М. Андреевски, филмови како Република во пламен и слични други творечки дела треба да бидат цензурирани или заборавени за да се одело напред и да не враќаат кон мрачни времиња. Ова е срамно и бедно. Ваков лик кој ја брука и се срами со историјата и културата на својот народ не заслужува да биде ни ден повеќе министер за култура. Оставката на министерката за култура е нешто кое јавноста логично го очекува после ваква тоталитарна и цензурирачка реторика. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан