ВМРО - ДПМНЕ: Филипче е пиунот на Заев, заедно профитираа од КОВИД кризата додека луѓето умираа
- СООПШТЕНИЕ - Кога сите држави плаќаа до 30 долари за вакцина, нашиот тогашен министер за здравство Филипче, со фантом фирмата Стабри сакаше да наплати по 62 долари за вакцина. Фирмата Стабри инаку, била регистрирана за тргување на јужни овошја. Истата фирма била формирана само 3 месеци откако СДС доаѓа на власт.
Скопје, 11 април 2025
Филипче под покровителство на Заев, сакаше да стори криминал на грбот на граѓаните, со фирмата Стабри.
Филипче кој е синоним за криминал и корупција, сакаше да се офајди преку набавка на вакцини за КОВИД, чиј тендер, граѓаните ќе ги чинеше 6 милиони долари поскапо.
Кога сите држави плаќаа до 30 долари за вакцина, нашиот тогашен министер за здравство Филипче, со фантом фирмата Стабри сакаше да наплати по 62 долари за вакцина.
Фирмата Стабри инаку, била регистрирана за тргување на јужни овошја. Истата фирма била формирана само 3 месеци откако СДС доаѓа на власт.
Филипче треба да одговори, дали 6 милиони долари сакал да ги подели со Заев и дали фирмата Стабри има поврзаност со СДС?
Доказ за тоа дека на Филипче здравството и не му беше голем приоритет е тоа дека бил спремен да наплати големи провизии на грбот на граѓаните, за да му удоволи на неговиот ментор Заев.
Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.