• четврток, 26 декември 2024

ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии

ВМРО ДПМНЕ: Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии
Скопје, 27 јуни 2022 Денес, на пленарната седница на Собранието на Република Македонија парламентарното мнозинство ја изгласа потребата од измени и дополнување на Законот за работни односи во скратена постапка, со европско знаменце, а кои имаат единствена цел да го продолжат мандатот на судиите и јавните обвинители. Се работи за измена која според  нас е крајно проблематична и дискриминаторска. Имено, со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител. За да се продолжи мандат на судии и јавни обвинители, истото треба да се уреди во Закон за судовите и Законот за јавното обвинителство. За промена и измени на овие закони потребно е двотретинско мнозинство. Останува големото прашање зошто министерот за правда Тупанчевски дозволува споменативе закони да бидат суспендирани и промени кои што се однесуваат на судската власт, овде во Собранието да се шверцуваат во закони кои не смеат  да го регулираа тоа. Во уставот, не случајно е утрврдено дека споменатите закони се носат со двотретинско мнозинство. Судската власт мора да биде независна, а не слуга на власта. Наместо ветинг добиваме спорно продолжување на мандати на судии со закон предложен од Владата, а потпишан од Артан Груби. Интегрален текст од изјавата за медиуми на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан