• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ВМРО - ДПМНЕ: Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на градоначалничката Данела Арсовска

ВМРО - ДПМНЕ: Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на градоначалничката Данела Арсовска

Скопје, 27 февруари 2025

 

СООПШТЕНИЕ ПО ПОВОД ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ КАКО ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Почитувани,

Александар Трајановски од ГРОМ задоцни цели 3 години во проценката на личноста и неделата на градоначалничката Данела Арсовска.

Неговата оставка од местото заменик градоначалник не е последица на неговиот револт од пајташите на Арсовска, туку веројатно причина се нереализирани бизнис интереси во морето интереси заокружени околу Данела Арсовска.

Да потсетиме дека Трајановски беше во улога "дрвен адвокат" и бранител на Арсовска до последниот момент, поточно до последната седница на Совет каде убедуваше дека кутрата Арсовска е жртва, а не агресор и уништувач на градот Скопје.

Ќе потсетиме на неговите жолчни и параночни навреди и клевети кон советниците на ВМРО ДПМНЕ, и коалицијата , квалификации и клевети и кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и тоа токму за работите за кои предупредувавме, а кои сега тој на говорница ги наведува како причина за неговиот раскин  на соработка со Арсовска. Кога ВМРО ДПМНЕ предупредуваше за хаосот кој го приредуваше Арсовска, за нејзината неработа, но и тесни врски со ДУИ, Левица и ДУИ, тогаш Трајановски аплаудираше на Данела.

Трајановски не е никаква жртва туку тригодишен уживач на сите придобивки кои Арсовска му ги овозможи, заедно со пајташите од Левица и ДУИ. Но народот вели таквите како Трајановски го напуштаат бродот кој тоне, но Александар задоцни цели три години. Сега тоа не е исправање на неправда, туку тоа се вика лицемиерие.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан