• вторник, 24 декември 2024

ВМРО - ДПМНЕ:Додека се чешла фирмата за случајот со софтверот, Рашковски на работа во владата

ВМРО - ДПМНЕ:Додека се чешла фирмата за случајот со софтверот, Рашковски на работа во владата
Скопје, 9 април 2021  Заев треба да намали со театарот за случајот Рашковски. Додека се чешла фирмата за случајот со софтверот Рашковски си продолжи со работа во владата на Заев по завршениот одмор во Мексико. Нема помпа, нема специјалци, туку евтин театар. Рашковски треба да е во притвор зошто може да го повтори делото. Јавноста ниту виде резултат од истрагата, иако случајот во јавноста се отвори пред речиси еден месец. Токму толку и требаше на Русковска и на обвинителството да покажат некаква активност, време доволно да се заташкаат докази, документи и да се влијае врз сведоци. Рашковски како и во случајот со скандалот Леонардо, како и во случајот со скандалот Сархемс останува заштитен од страна на спрегата власт-обвинителство-судство, иако се работи за скандали кои се врзуваат во низа и тежат милиони. Да потсетиме дека Рашковски од позиција генерален секретар на влада, без да биде надлежен, набавил софтвер од компанија основана неколку недели од доаѓањето на власт на Зоран Заев. Притоа тој софтвер Рашковски го набавува сам од себе, бидејќи се јавува како креатор и од позиција генерален секретар како купувач со народни пари. Да биде апсурдот поголем софтверот е експресно исплатен и стои неупотребен со години, затоа што Министерството за внатрешни работи за кого е набавен ниту има потреба да го користи, ниту може да го користи. Ако ова не е основано сомнение за злоупотреба на службена должност и нерационално трошење на народни пари, тогаш нема друг пример. Ова логично не тера да се сомневаме дека Русковска преку невешти, задоцнети процеси, се става во улога на заштитник и забошотувач на криминалите на власта на Заев. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан