ВМРО-НП: Ќе поддржиме промена на Уставот во насока на пристапните преговори со ЕУ
- ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија и истакна дека во своите определби и програмски цели е за це
8 ноември 2022
Почитувани,
ВМРО-Народна партија вчера учествуваше на состанокот на политичките партии застапени во Собранието на Република Северна Македонија и истакна дека во своите определби и програмски цели е за целосна интеграција на Северна Македонија во НАТО, што е патем постигнато и го докажуваме со државните активности и Северна Македонија – земја членка на Европската Унија, чиј процес е веќе започнат преку договорот за почеток на преговорите и започнатиот скрининг процес.
ВМРО-Народна партија е меѓу првите политички партии која го поддржа и гласаше „ЗА“ Европскиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ во јули оваа година.
Во овој процес поддржуваме и придонесуваме со своето дејствување за побрзо и поуспешно завршување на, во прво време скринингот, а потоа и преговорите по поглавја.
ВМРО-Народна партија активно ќе поддржи промена на Уставот во насока на пристапните преговори со ЕУ, со проширување и додавање во Уставот како на Бугарите, Хрватите и Црногорците така и на сите останати делови од народи кои ќе изразат волја и барање да бидат застапени во самиот Устав.
На овој начин суштински ќе докажеме дека Северна Македонија е демократска држава која ги почитува правата на народите кои се застапени и живеат во државата, а со тоа се почитуваат и Европските вредности за демократизација на општеството.
Во однос на преговарачкиот процес и скринингот кој што е во тек, ВМРО-Народна партија предлага да во сите стручни комисии, тимови и делегации кои учествуваат во скринингот, а понатаму и во преговорите по поглавја, како членови да учествуваат и стручни лица од поединечни области кои ќе бидат предложени од политичките партии.
На овој начин ќе се обезбеди и направи сеопфатен државен систем на стручни тимови кои одговорно и стручно ќе учествуваат во процесот на преговорите со ЕУ и со постигнување на конкретни резултати во своите области.
Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.