• петок, 27 декември 2024

ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија

ВМРО-НП: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија
Скопје, 15 ноември 2022 ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки наследник на Вардарскиот четнички корпус продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија продолжувајќи со манипулација и искривување на фактите. ВМРО-Народна партија сака уште еднаш да им го прераскаже претходното соопштение на сите оние кои не успеале да го разберат. Да повториме, ВМРО-Народна партија зборува за конкретен ден, 13 ноември 1944 година во кој според сите светски извори вклучително во најново време и српските, бугарската армија после превратот на 9 септември 1944 година и формирањето на татковинскиот фронт земала учество во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт. На тој пат има ослободено повеќе градови во источна Македонија, водела голема битка кај Страцин против германските фашистички сили и учествувала во ослободувањето на Скопје, а понатаму кон Косово и Србија. ВМРО-ДПМНЕ го поставува прашањето на СДСМ што таа мисли за тој наш став, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ пак потврдува дека сеуште живеат во идеолошките матрици на комунизмот и треба да го постават прашањто што мисли светската историска наука, а не нивните индоктринирани умови. Конечно во нашето прво соопштение имаше и една друга провокација до ВМРО-ДПМНЕ, а и до другите сили кои учествуваат во антибугарската хистерија, јасно и гласно да ни кажат кои беа фашистите во Скопје на 13 ноември 1944 година. Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан