• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

ВМРО-Народна партија  ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите

Скопје, 11 април 2023 (МИА) - ВМРО-Народна партија ќе поднесе амандмани на сите предлог-закони поврзани со изградбата на коридорите, со цел заштита на државниот интерес, обезбедување еднакви законски одредби и еднакви услови за изведувачите на големи градежни работи, почитување на правата на работниците кои ќе работат на проектите и заштита на животната средина, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на партијата Љупчо Балкоски.

-Истакнуваме дека меморандумите со државите низ кои што поминуваат европските Коридори 8 и 10, се потпишани во 2001 и 2002 година, со што тогашната Влада на премиерот Георгиевски се определи Македонија да биде членка на Европската транспортна мрежа. Затоа, доставуваме предлог до Владата за изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 8 и од Куманово до ГП Деве Баир, затоа што предло-законот го дефинира само делот од Тетово до ГП Ќафасан, а не целиот Коридор 8, а исто така и изградба на автопатско решение на комплетниот Коридор 10д од Велес - Прилеп - Битола до ГП Меџитлија. На ваков начин ќе добиеме целосно решение наспроти сегашното партијално и компетирање на Коридорите 8 и 10 низ државата, рече Балкоски.

Балкоски побара Владата да објасни зошто надлежните министерства не се подносители на овие предлог-закони, затоа што, како што рече, на таков начин се постигнува поголема транспарентност и учество на конкретните министерства кои ги имаат ингеренциите во споведувањето на законите. Тој рече дека при работата на собраниските комисии предлагаат овие предлог-закони да се повлечат и Владата да биде предлагаж на овие предлог-закони.

ВМРО-Народна партија побара Владата да го објави Договорот со конзорциумит Бехтел - Енка или да го презантира на коморите, стручните здруженија и невладини организации од оваа дејност. фф/са/

Остани поврзан