• четврток, 26 декември 2024

ВМРО-Народна партија: Со внимание ја следиме дискусијата околу бугарскиот пасош на министерката за енергетика Божиновска

ВМРО-Народна партија: Со внимание ја следиме дискусијата околу бугарскиот пасош на министерката за енергетика Божиновска

Скопје, 2 јули 2024

 

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи дискусијата околу бугарскиот пасош на министерката за енергетика Сања Божиновска и како што можеме да забележиме под притисок на нејзините сопартијци и колеги во партијата таа има поднесено барање за откажување од бугарското државјанство.

ВМРО-Народна партија смета дека владеачката структура многу повеќе ќе и помогне на Република Северна Македонија доколку министерката го зачува државјанството и пасош, со тоа ќе ја побие тезата на сите оние кои критикуваат дека во Македонија не може да функционираат бугари на високи државни функции, а напротив вака само ќе ја повтрдиме тезата дека се што е бугарско во Македонија се „шиканира“.

Посебно интересно во оваа приказна е што никој не реагира на српското државјанство и пасош на вицепремиерот Иван Стоилковиќ со што само се зацврстува фактот дека во нашата Македонија масовно се применуваат двојни стандарди и дека водиме двојна политика кон етничките заедници во нашата држава.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан